(Видеo) Бетмен велиТ – Ова и Али Ахмети треба да го види

t

Во најновата епизода на Бетмен велиТ, на Инфомакс, Богдан Илиевски зборуваше за премиерот Димитар Коваевски, кој 15 минути откако стана премиер го угости бугарскиот премиер, Кирил Петков и веднаш започна каде што Заев заврши, збратимувајќи се со оние кои не те признаваат, па на прес кнференцијата му се обрати со драг пријател.

Кога се запознаа, кога пријатели станаа.

Ковачевски и Петков, веднаш се зафанаа да решаваат големи проблеми, па веднаш се виде надежта за иднината, блескава и европска. Ковачевски се пофали дека се договориле Бугарија да го прифати и краткото и долгото име на Македонија, и нема повеќе да ја кочи употребата на краткото име, Северна Македонија.

Се изборил крваво Ковачевски за краткото оме кое не сака со очи да го види 80% од државата, и со тоа му овозможил на своjот колега од Бугарија да не мора да се коцентрира кога дава интервјуа и мора да го изговори долгото име.
Петков, пак, воопшто не изгледа како да има проблем да се концентрира додека дава интервјуа. Петков е сконцентриран, знае што зборува, како на најлесен начин да ни го опаша бугарскиот план на кој му се радувате.


Oние кои не се сконцентрирани се од нашата екипа.

Бугарската политика цело време е сконцентрирана, како да направи самите да изјавиме дека пред 1944 година сме биле еден народ и дека денес зборуваме на бугарски дијалект. Инаку, да беа од владата сконцентрирани,ќе го забележеа она интервју на Божидар Димитров, бугарскиот историчар, кој пред онаа наша зелка од Горни Милановац да го потпише договорот со Бугарија, изјави дека во договорот има една одредба, која навидум е безопасна, но, доколку се исполни договорот, тоа ќе биде крај на Македонизмот и ќе ја претвори Македонија во втора бугарска држава.

Се им беше кажано и рекажано, ама изгледа владина политика е да не мора да се концентрираат луѓето многу многу. Потпишаа Договор за претворање на Македониа во втора бугарска држава со помош на ветото за ЕУ.

Или не сакаа тоа да го видат, или го видоа и го игнорираа.

Но, ајде малку оптимизам. Сега сме имале нов почеток, нов оптимизам, нова аенергија во дносите со Бугарија, па ќе имало чести средби меѓу двете влади, па ќе потпишувале разно разни меморандуми, дури една неделно комисиите ќе се среќавале, бидејќи нема никаква друга работа освен заедничкото гувернаторство во некакви си комисии кои не се ни дел од договорот од 2017 година.

Па така, меморандуми со Бугарија потпишуваа министерот за економија, за транспорт и врски, и за земјоделие. И тоа бил новиот почеток преку кој ќе сме покажале реална работа и резултати. Ќе се подобреле односите, па тоа ќе влијаело на евроинтеграциите, затоа што ни маваа вето бидејќи немало пруга меѓу Софија и Скопје

Да се отсетиме што се потпишуваше пред пет години во Скопје.

Покрај Договорот за добрососедство, министрите за транспорт и врски на Македонија и Бугарија, и министерката за енергетика на Бугарија и македонскиот министер за економија и потпишаа меморандумите за соработка во транспорт, енергетиката и економијата, на полето на комуникациите за развој на железничката инфраструктура и од областа на природнит гас.

Значи не е проблемот потпишување на меморандуми за соработка, проблемот бил, е, и ќе биде историјата на Мaкедонија и идентитетото на македонскиот народ. Прболемот на Бугарија, е во историската комисија, а не во транспортот, економијата, културата…

Се друго е шминка која треба да доведе до некој финален договор, кој содржи обрски за влегување на Бугарите во уставот, за т.н. жртви на комунизмот, само затоа што биле Бугари и сето она ѓто го слушаме од Софија во последните години.

Зa новиот договор, ако слушавме внимателно, или ако бевме сконцентрирани, што би рекол Ковачевски, зборуваше и самиот тој на пресконференцијата во Македонија со Петков.

И изјави дека историјата ќе биде во втор план, додека во прв план ќе бидат компромисите кои тие се спремни да ги направат. Како компромисот што го најави Петков, дека ќе иницираат воведување на авионска линија меѓу Скопје и Софија. Но не е само авионот, следеа и други компромиси

Имено, бугарската национална телевизија, која планирала во ударен термин да го емитува филмот „Само затоа што беа Бугари“, го откажала неговото емитување. Во филмот, се пренесуваат сведоштва за ликвидации на Бугари во МАкедонија во текот на јануари 1945.

Промената на проглемата беше најавена како голема отстапка од страна на Буагрија.

Ете, тој филм нема да го гледате, Македонци од Тито.

Страшни компромиси…

Значи, на површина нема да бидат историските прашања, туку сите други, а историската комисија ќе си ровари во позадина, комисијата од која произлегоа сите одлуки за вето на Македонија.

И наместо да научиме од грешките, Пендаровски најавува повторно гласање со просто мнозинство, бидејќи тешко било да се обезбеди двотретинско.

Во меѓувреме, активно ни го спремаат и новиот договор, кој како што посочи и Пендаровски, е финално решение, за кое има намера да гласа во собрание со дупло просто мнозинство, не со двотретинско, бидејќи, според него, двотретинско не само што е многу теко, туку и Бугарија не може да го собере.

За потсетување, пред да го потпишат Договорот за добрососедство, за него во собранието на Бугарија од 206 присутни пратеници, 206 гласаа ЗА,

Потоа за верификацијата, исто така гласаа сите присутни пратеници.


Во македонското собрание, за верификација на Договорот за добрососедство гласаа 62 пратеници и тоа со отсуство на опозицијата.

Тогаш ВМРО-ДПМНЕ алармираше дека ќе се случува ова што се случува сега, но беше нарекувано антиевропско, антидржавно.

Па ако е добар Договорот 120 пратеници ќе гласаат ЗА, односно 119, во случај Кастриот Реџепи да не биде доостапен во моментот.

Но ако е договор кој е штетен, кој може да очекува поддршка во парламентот за таков договор. Дури и Пендаровски изјави дека „шанса нема“ да потпише таков договор.

Како што тврдеше дека нема шански да се смени името, и дека слободарскиот народ душата ќе му ја извади на тој што ќе го потпишал тоа.

Исто како кога зборуваше за рефарендумот и викаше кој им дал право да се договараат за географската одредница.

И утре, повторно ќе излезе и ќе ве убедува дека компромисот со Бугарија е добар, човекот кој, изјави дека ак не беше претседател, и тој самиот ќе се исселеше од земјата.

И ова беше објаснувано, и објаснувано, како што ги објаснуваме и новите комисии ко итреба да сеат магла додека историчарите во позадина ќе прават свињарии, кои пак ќе се дела од финалниот договор, новиот договор за кој зборуваат Ковачевски и Пендаровски.

И згора на сето ова претседателот инсистира дека барањето на Бугарите да бидат внесени во уставот е мешање во внатрешните работи, но тоа не му го кажал на Петков, оти овој не го побарал тоа од него.

Дури ниту „шефот на владата“ Али Ахмети, истакна дека не зборува реципроцитет од бугарската страна, бидејќи немал познавања за темата.

Не бил запознаен со 16 пресуди на Европскиот суда за човекови права, за мечените по затворите кои јаделе врапчиња за да преживеат, а и покрај се имаат зборови на братство, почит и љубов, бараат само да се признаени како посебен народ во Бугарија, рамо до рамо со сите останати балкански народи.

Денес, говор на омраза во Бугарија е самото постоење на Македонците. Ако му кажеш на националист дека си Македонец, тоа за него е говор на омраза, а македонската држава со прст не мрда за овие луѓе, додека на големо се фали дека ќе ги внесе македонските Бугари во Уставот, како што бараат и Румен Радев и Кирил Петков, додека отворено тврдат дека Македонците не постојат.

И со работните групи, со разните меморандуми ќе сме покажеле реални резултати. Петков вели овие групи ќе ја зацврстеле позицијата на Бугарија, во кја коренот на секое вето кн нас е историјата, односно македонскиот идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фатени со рачињата во медот: Кривични…

Кривична пријава по текст на Инфомакс Министерството…

(Видео) Африм Муча во живо за Инфомакс:…

Африм Муча, претставник на еден од синдикатите…

Следете нѐ: Вечерва продолжуваме со „Плус/Минус“ и…

Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…

Среќна нова 2024 година ви посакува Редакцијата…

Нека новата 2024 година ви донесе многу…

Ексклузивни документи за рушењето на крстот на…

Крстот на Попова Шапка и денес е…