Вистински „позитивен“ ефект од посетата на САД на туристичката дружина на премиерот Мицкоски е што Македонија ќе загуби 72 милиони долари девизен прилив
Почитувани,
Граѓанската опција за Македонија ГРОМ е вчудоневидена од експресните ефекти од посетата на премиерот Христијан Мицкоски на САД и неговите фалби дека таму се сретнал со значајни личности при претседателската инаугурација на Доналд Трамп.
Уште Мицкоски не се врати од фрлањето лопати во општина Петровец а пристигна наредба од „пријателот“ на Мицкоски, Доналд Трамп да се замрзнат сите проекти во Македонија во вкупна вредност од 72 милиони долари.
Ова е вистински доказ за „позитивните“ ефекти од туристичката дружина на нашиот премиер која ќе има сериозен удар врз невладиниот сектор, а најважно е што Република Македонија губи 72 милиони долари девизен прилив.
Да потсетиме, дефицитот во платниот биланс се покрива со приходи од извоз, дознаките од нашите иселеници во странство, директните странски инвестиции од донации (што е конкретниов случај) и директни задолжувања во странство. Тоа значи штета ќе претрпат невладините организации, граѓаните, и платниот биланс на државата.
Кога на ова ќе се додадат неколкуте стотини илјади долари потрошени средства за оваа екскурзија, посетата во САД се сведе на обичен чалам на премиерот, прошетка на неколку министри од владата и директен зијан за државата што се заедно се сведува на „дупло голо“.
Соочени со суровата реалност нашите владетели сега ја замајуваат јавноста со бојкоти на маркетите и спроведување на политика „фатете го крадецот“ наместо да се бави со вистински економски политики, кои ќе значат подобар живот за граѓаните, поголема профитабилност за фирмите, проширена репродукција за истите и отворање на нови работни места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…