„Ви благодариме што ни ги спасивте животите“ – Трогателна порака од семејство на повредено дете од Кочани оставена пред УКЦС во Белград
Трогателна порака се појави на паркингот пред Универзитетскиот клинички центар на Србија (UKCS), оставена од семејството на дете повредено во пожарот во таканаречената дискотека Пулс во Кочани.
„Ви благодариме што ни ги спасивте животите! UKCS Белград – Ви благодариме, Србија! 16.03.2025. Кочани“, пишува на натписот што е залепен на задниот дел од паркираниот автомобил.
Автомобилот, со македонска регистрација, му припаѓа на семејството на повреден пациент кој се лекуваво UKCS. Според вработените, родителите на повредените деца се во болницата дење и ноќе и се неизмерно благодарни на персоналот за сè што прават за своите деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…