Владата вели дека модуларната амбуланта во Бутел била сомнетилно изградена, а таа болница е изградена од Владата

t

Општина Бутел мора да добие нова модерна Поликлиника, Владата не смее да биде пречка, порача денеска градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Беким Сали изјави: Модуларната амбуланта во Бутел е изградена на сомнителен начин. Истата е изградена од Владата и Министерството за здравство. Министер за здравство Беким Сали, ќе ве потсетам на една наша средба од неодамна. Ви понудив опција веднаш да се отстрани модуларната амбуланта во Бутел. Ви укажав дека јас како градоначалник на општина Бутел сум спремен да изградиме нова модерна Поликлиника, впрочем како што доликува на една урбана општина. Кога веќе Владата и министерството како надлежни не можат, јас како градоначалник сум подготвен на овој голем чекор. Вие ми посочивте дека немате против изградба на нова поликлиника, но дека за ваков чин ќе треба да поразговарате на повисоко ниво во Владата. Одговор од вас не добивме сѐ уште, иако од средбата помина повеќе од половина година. Кога веќе сте констатирале неправилности во изградбата на овие крајно небезбедни и недолични објекти, Ве охрабрувам да ги истражите деталите сѐ до финална завршница. Но, она што ми е поважно, овој пат јавно, повторно да Ве охрабрам, да ја отстраните модуларната амбуланта од Бутел. Јасна цел е ние како општина да изградиме нова модерна поликлиника каква што заслужуваат граѓаните. Да Ве потсетам дека доколку тоа не го направите Вие и оваа Влада, за многу скоро ќе го направи следната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Но, не гледам зошто заради политички калкулации тоа да не го направите веднаш, нема потреба граѓаните да бидат оштетени и да губат време дополнително. Искрено се надевам на разумно решение, затоа што политиката не смее да биде пречка во остварување вакви важни проекти за граѓаните, порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…