Владата го овласти амбасадорот Талески да даде согласност за влез на Шведска и Финска во НАТО
Владата на Република Македонија соопшти дека на денеска одржаната вонредна, 46-та седница, донела одлука да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО.
Премиерот Димитар Ковачевски пред два дена рече дека земјава го поддржува влезот на двете нордиски земји во алијансата.
Тој, според владината прес-служба, во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг „ја поздравил иницијативата на Шведска и Финска да станат членки на НАТО и додал дека „Северна Македонија ќе ја забрза постапката за одобрување на приемот во членство во Алијансата на овие две земји“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…