Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани!
Додека народот и државата тагуваат поради огромната трагедија во Кочани во која згаснаа 59 млади животи а околу 200 се повредени, Владата на ДПМНЕ турка тендери за мерење рејтинзи и пропаганда, рече на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
-За поддршката на семејствата и граѓаните во Кочани се организираат донации а владата на ДПМНЕ троши 400.000 евра за анкети и мерење на рејтингот на Мицкоски. Тоа не било доволно па гледаме објава на нов тендер за уште еден скап проект – оцена на медиумското влијание, мониторинг на медиумите, на социјалните мрежи, прес клипинг и оценка на вестите – рече Кузеска.
Таа додаде дека Владата набавува софтвер за да ги оценува вестите на медиумите– дали се позитивни, негативни или неутрални, а планира да собира податоци и за авторите.
-Тоа ли се приоритетите на власта? Нема пари за плати, нема за пожарникарите, за лекарите, за работниците, пари има само за папаја, манго и рејтингот на Мицкоски. Зошто да се трошат пари на граѓаните за прес-клипинг кога веќе има професионална служба за прес-клипинг во Владата? Граѓаните добро ги знаат режимските методи на ДПМНЕ и ова е само нивно продолжение. Како тоа Владата на ДПМНЕ планира да ги селектира медиумите како позитивни, негативни или неутрални, што ќе случи доколку известуваат негативно, ќе бидат казнети, замолчувани – праша Кузеска.
Според неа, власта манифестира бесчувствителност и расипништво во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага.
-СДСМ бара итно поништување на тендерот за „софтвер за медиумско влијание“ и тендерот за анкети. Тие пари, заедно со 400.000 евра предвидени за анкети да се дадат за помош на семејствата и граѓаните на Кочани. Сега е време за солидарност и одговорност, а не за мерење рејтинзи и пропаганда – рече портпаролката на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…