Владата им „нареди“ на трговците да ги намалат цените на училишниот прибор

t

На денешната владина седница е одлучено цените на училишниот прибор да биде намален. Со оваа одлука, трговците на мало и големо кои продаваат училишен прибор се должни своите производи да ги продаваат по ограничена, т.е. намалена цена, односно најмалку 10% во трговијата на големо и најмалку 15% во трговијата на мало.

Одлуката се однесува на период од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година, а трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето.

Исто така, пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седницата на комисијата за надзор над работата…

Ве известуваме дека Комисијата за надзор над…

Бурно во црногорскиот парламент: Опозицијата ја блокира…

Вонредната седница на Парламентот на Црна Гора,…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Во Собранието денеска продолженија на четири седници

Во рамки на денешните пленарни седници Собранието…

Владата денеска напладне ќе ја одржи редовната…

Владата денеска напладне ќе ја одржи редовната…