Објавено на:

Владата на Мицотакис преживеја

t

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис вечерва доби доверба од грчкиот Парламент по тридневната расправа што траеше рекордни 36 часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласаа сите 300 пратеници, Владата доби поддршка само од пратениците од Нова демократија, а соопштението на резултатите од гласањето беше пропратено со аплаузи од владејачката партија.

Расправата започна во четвртокот попладне, а заврши вечерва кусо по 21 часот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас кусо пред гласањето соопшти дека расправата траеше 36 часа, што, како што истакна, претставува и рекорд.

Збор зедоа 135 говорници од кои 26 министри, 92 пратеници, како и лидерите на осумте политички партии што се дел од Парламентот.

Непосредно пред гласањето, свое обраќање имаше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој уште еднаш ги истакна приоритетите на новата Влада за следните четири години во сите области.

Претходно, се обратија и лидерите на останатите седум партии кои воедно образложија зошто нема да ѝ дадат доверба на Владата.

Денешната расправа беше прекината неколку минути откако генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцубас, додека говореше, почувствува болки во половината.

Иако се обиде да ја занемари, сепак го прекина говорот, притрчаа присутните да му помогнат, а претседателот привремено ја прекина расправата.

Прекинот траеше само неколку минути, Куцубас го продолжи говорот, рече дека е добар и беше охрабрен со аплауз од пратениците од сите партии.

На парламентарните избори во Грција на 25 јуни Нова демократија победи со 40,56 отсто од гласовите и доби 158 пратеници, со што го обезбеди и неопходното парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеник за формирање Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…