Владата прифати бугарски Меморандум за разбирање

t

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија соопштуваат од Генералниот секретаријат на Владата на РМ.

“Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Меморандумот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, претставени од министерствата за транспорт и врски на двете земји, се очекува да биде потпишан  за време на заедничката седница на двете Влади, која ќе се одржи на 25.01.2022 година во Софија.

Со документот се изразува согласност за формирање на заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за Проектот.

Меморандумот е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави.

Согласно Меморандумот, Работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот. ” велат од Генералниот секретаријат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…

САД констатираа дека Бугарија не се бори…

Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…