Владата со нови одлуки: Ивица Боцевски ќе биде специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија
Владата денеска ја одржа 17тата седница и ги донесе следните кадровски решенија:
Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија.
Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем.
Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.
Ерол Абдиу е именуван за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.
Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Кашмир Салиу е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Фикрет Шабани е именуван за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.
Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија, Република Бугарија.
Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје.
Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…