Владата чека нов француски предлог, ама можно е да нема никаков до крајот на јуни

t

Францускиот предлог спорното прашање не го стави во документот како финално решение, го стави во заграда,што значи дека тоа не е конечен предлогот на француското претседателство.Затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас, објасни министеротза надворешни работи Бујар Османи

Ако француското претседателство со Европската Унија даде нов, поинаков предлог, ќе бидеме подготвени да го разгледаме и да видиме дали нашите црвени линии се внесени и задоволени за да можеме да разговараме.

Францускиот предлог спорното прашање не го стави во документот како финално решение, го стави во заграда,што значи дека тоа не е конечен предлогот на француското претседателство.Затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас, објасни министеротза надворешни работи Бујар Османи

Ако француското претседателство со Европската Унија даде нов, поинаков предлог, ќе бидеме подготвени да го разгледаме и да видиме дали нашите црвени линии се внесени и задоволени за да можеме да разговараме.

Ова е ставот што ги искажа вицепремиерот за евроинтеграции во македонската Влада, Бојан Маричиќ, откако бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека е подготвено да продолжи со потпишувањето на Протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство. Во петокот, бугарското собрание го прифати предлогот на француското претседателство за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Министеротза надворешни работи Бујар Османи, пак,во емисијата „10 минути“ на ТВ21 рече дека францускиот предлог е решение кое е прифатливо за нас, доколку се најде решение за спорното прашање со протоколите.

– Францускиот предлог, спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение, го стави во заграда. Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас – објасни Османи.

Можно до крајот на јуни и да не се добие нов предлог

Османи додаде дека е можно до крајот на јуни, кога завршувафранцуското претседателство со ЕУ и да не се добие нов предлог.

– Не можам во овој момент да кажам дали ќе има решение, важно е доколку го има тоа да биде достоинствено за нашите граѓани.Ние рековме дека можеме да прифатиме компромис во однос на етнички права, зашто тука ние сме најмоќни, но историските прашања не треба да бидат дел од Преговарачката рамка. Не може Протокол да има без наша согласност и не може да има решение за кое било историски прашање без согласност на нашите седум члена во историската комисија – нагласи министерот.

Француското претседателство беше многу внимателно да не стави ништо од сензитивните прашања, не верувам дека нема да пратат нов предлог без да се консултираат, вели Османи, кој е во постојана комуникација со Франција и Бугарија за да се види како евентуално да се дојде до решение.

– Мислам дека доколку има политичка волја, навистина има добри решенија. И ние може да се закотвиме на нашите позиции, да кажеме дека не прифаќамевакво решение. Или ако Бугарите кажат дека не го прифаќаат, тогаш се знае што понатаму – заклучи тој.

Според актуелниот предлог, македонскиот јазик е еден од 25-те јазици на ЕУ и како таков станува дел од преговарачката рамка, изјави Османи.

-Според она што сега го има како предлог, македонскиот јазик останува еден од 25-те јазици на ЕУ без никакви квалификативи, додавки и толкувања. Ние нема дозволиме и нема основ Бугарија тоа да го оспори, бидејќи станува дел од преговарачката рамка, а преговарачката рамка е основниот документ што го дефинира процесот, а потоа е основа за потпишување на договорот за членство – рече Османи за „360 степени“.

Министерот истакна дека имало обид за хибридни напади.

– Луѓе од државата се јавувале кај министри и политички партии и министри, со лажни информации за да се обидат да ја нарушат оваа стратегија – рече Османи откако објасни дека молкот како стратегија го одбрале за да не се наруши процесот.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе…

Европската унија има јасен и дефиниран став…

Нели нема корупција во ЕУ? 22 лица…

Во акција на полициите на Италија, Австрија,…

Маричиќ: Ова се избори за членство на…

„Крајната цел на овие избори е што…

Туркаљ: Македонската политичка елита да одлучи –…

Хрватскиот правен експерт за Западен Балкан и…