Владата ќе забрани обложување и во странски обложувалници!

t

Пасионираните „кладилничари“ во иднина ќе мора да се префрлат исклучиво на пишување ливчиња со физичко присуство на обложувачките места, откако Владата денеска најави забрана за обложување и на странските обложувалници.

Ова е само продолжување на мерката за забрана за „коцкање“ преку платформите на интернет, со оглед што во изминативе десетина дена беше донесена одлука за одземање на лиценците на домашните обложувалници кои работеа онлајн.

„Разговараме кои се начините за забрана на странски домеини коишто се присутни на македонскиот пазар, а коишто приредуваат нелегално игри на среќа. Треба да најдеме методологија како да ги забраниме овие веб-страници во Македонија затоа што нивната нелегалност е јасна“, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Според министерот, станува збор за стотина странски веб страници, но додава дека најкористени во земјава се две.

„Во првата фаза ќе треба да се работи со овие 100, но тоа ќе биде континуиран процес. Не може да се направи еднаш засекогаш, туку постојано ќе треба да се ажурира оваа листа“, дополни министерот Андоновски.

Дел од македонските онлајн-обложувалници веќе ги информираа своите играчи дека прекинуваат со работа додека повторно не ја добијат лиценцата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Естонија на 1 декември ќе ја затвори…

По синоќешниот обид за саботажа во естонската…

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…