Владата ќе одлучува за посебна постапка за поставување фотонапонски електроцентрали
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење ќе биде разгледан денеска на редовна седница на Владата.
Целта на предложените измени е предвидување посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти од страна на потрошувачи-производители како и на категоризација на градбите за производство на електрична енергија од обновливи извори, информира владината прес-служба.
На 75. седница, меѓу другото, пред членовите на Владата ќе се најде и Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан.
За заклучоците и одлуките од владината седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, најави владината прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…
Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…
Русија собра 47 бомбардери способни за носење…
Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…
ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…
Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…
Почина Рускиот амбасадор во САД
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…