Владата “ќути” за “Ванчо Михајлов”: Клубот продолжува да функционира непречено

t

Состанокот на работната група при Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации, кој требаше да се оддржи по Велигден, е презакажан за по 2 Мај.

Две недели по отворањето на Културниот центар во Битола, именуван по соработникот на Адолф Хитлер Ванчо Михајлов, владата не дава никаква информација дали ќе преземе нешто во врска со клубот и дали ќе има одговорност за регистрацијата на здружението со тоа име. Премиерот Димитар Ковачевски не одговара дали ќе се бара пререгистрација на клубот, односно што ќе преземе Владата. „Слободен печат“ дознава дека состанокот на работната група при Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации кој требаше да се оддржи по Велигден е презакажан за по 2 мај.

Висок функционер од Министерството за правда не прецизира зошто е откажан состанокот кој беше закажан за 26 април. Тој само вели дека очекуваат препораки од институциите.

И додека јавноста очекува конктетен потег од Владата за здружението и за клубот „Ванчо Михајлов“ шефот на македонсклата дипломатија Бујар Османи во ексклузивно интервју за бугарската бТВ уште еднаш настанот го оцени како провокација и голема навреда и дека отворањето на клубот ги зголемил тензиите меѓу Македонија и Бугарија.

– Кога ќе влезете во центарот за култура, на главниот влез има голема табла со цитат од Ванчо Михајлов, на која пишува: „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“. Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова, кај нас, се смета за провокација. Не верувам дека бугарските власти дојдоа поради оваа порака на Михајлов, која беше поставена на влезот од клубот. Но вака се толкуваа сите овие пораки што ги налутија граѓаните. И наша должност е да ги разјасниме овие прашања, отворено да си кажеме што е она што не провоцира, што не лути, за да можеме во отворен дијалог да ја создадеме нашата заедничка иднина – рече Османи.

На прашањето дали му пречи само името на центарот и конкретното лице или составот на бугарската делегација затоа што имаше коментари на оваа тема, Османи одговори:

– Доколку клубот не го носеше ова име ние ќе бевме дел од оваа делегација во Битола. Целата наша влада ќе беше таму затоа што ја поздравуваме и сакаме да ја охрабриме бугарската заедница да се организира, сакаме бугарската заедница да се интегрира во институциите, системите и механизмите воспоставени преку рамковниот договор. Но, мора да внимаваме на чувствителноста на двете страни, особено во овој период на доверба. Сакаме да ја вратиме довербата еден во друг. Секако дека ваквите прашања ќе ни бидат се помалку важни, бидејќи ќе бидеме фокусирани на иднината, на заедничката европска перспектива за граѓаните на двете земји. Но, ова е деликатен период во кој и вие и ние мора да бидеме внимателни за да ја создадеме нашата заедничка иднина – вели Османи.

Министерот за надворешни оцени дека отворањето на клубот придонел за пад на довербата меѓу двете земји, која болно се градела изминативе шест месеци.

– Треба да ја вратиме комуникацијата, треба да ја вратиме довербата – ова е наша должност како политичари. Ова го очекуваат нашите граѓани од нас – понекогаш да си ги голтнеме емоциите за да донесеме одредени одлуки за иднината на граѓаните -рече Османи.

Премиерот Ковачевски минатата недела најави дека по Велигден  ќе се знаат чекорите што ќе бидат преземени во врска со регистрацијата на здружението на граѓани „Ванчо Михајлов“ и отворањето на културниот центар под тоа име во Битола.

– Како Влада ќе ги собереме сите информации кои се потребни во однос на регистрација на здруженија на граѓани. Во однос на користењето на имињата веќе имаше и од правни експерти одредени изјави и кога ќе ги добиеме сите информации идната недела ќе ве информираме за натамошните чекори – изјави премиерот.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СДСМ основа Медицински факултет во Битола

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на…

Пронајдена марихуана кај девојче во средно училиште…

Осумнаесетгодишно девојче било приведено откако кај нејзе…

Битолчанец со трактор сакал да влезе во…

Денес во 00.30 часот во Битола, полициски…

Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…

Немало кој да стави катетер на пациент…

Полицаец од Битола ја претепал невенчаната сопруга

СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција…