Влада: Исплата на октомвриските пензии од 31 октомври

t

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година, соопштуваат оттаму.

Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година.

За клиентите кои не користат картички, се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии, во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);

-За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);

-За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Грчки остров ќе им дава по 3.000…

Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…

ЕЦБ повторно ги крева каматите: Инвеститорите стравуваат…

Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвува за…

Бројот на заболени од западно-нилска треска се…

Во Македонија досега се регистрирани 58 случаи…