Владиката Петар, вели „ништо страшно“: Цариград ги упатил во Белград, останува да го видиме исходот

t

Српската православна црква (СПЦ) и другите православни цркви се согласни да сослужуваат со нас и тука завршува целата работа. Оттука одиме понатаму. Молчиме и ги чекаме следните потези.

Ова во изјава за порталот МКД го кажа митрополиот преспанско-пелагониски г. Петар, поврзано со вчерашното соопштение на Соборот на СПЦ за враќањето на МПЦ-ОА во литургиско единство.

– За какво враќање прашувате? Постои можност за враќање назад? Канонско единство е нешто друго. Канонското единство значи да почнеме заедно да богослужиме. Тоа е целата приказна и без тоа не може да се оди напред. Без тоа не може всушност ништо да се прави ако не те признаваат дека си рамен со нив. Ако со нив служиш, тогаш си рамен на нив. Завршена приказна. Нема потреба од никакво враќање назад. Што треба да се случи? Да се врати Југославија, да го вратиме патријархот Герман? Да вратиме сѐ како што било некогаш. Такво нешто не е можно. Целата приказна е во следново. СПЦ и другите цркви се согласни да сослужуваат со нас. Тоа за нас е битното. Тука завршува сѐ. Оттука сега одиме натаму. Не станува збор тука за статус, автономен, афтокефален, тоа што некои така коментираат само прикаски раскажуваат. Ќе видиме, времето тече, зошто нешто да кажуваме однапред? Можеби ќе згрешиме. Молчиме и ги чекаме следните потези – изјавил г. Петар.

И во изјава за Дојче веле тој посочува дека одлуката на СПЦ е чекор напред во односите меѓу двете цркви.

– Вселенската патријаршија нѐ упати на Српската православна црква да ги уредиме управните прашања меѓу двете цркви во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Штом Српската црква прифатила да ги решаваме овие прашања, не гледам што би можело да биде негативно во овој процес. Цариград нѐ упати кон Српската православна црква, а таа гледаме дека презема извесни чекори. Останува да го видиме исходот – вели владиката Петар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…