Власта го повлече од дневен ред Законот за „Скопје 2028“ по блокадата на ДУИ

t

За Предлог законот за„Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ ќе се дебатира после годишнниот одмор на пратениците. Ова е одлуката на Собранискиот спикер Африм Гаши по денешната вонредна координација со координаторите на пратеничките групи. На ваков чекор Гаши се одлучи откако од собраниската говорница беа упатени остри реакции и навреди од опозиционерите од албанскиот блок кои не се согласуваат да нема материјали од предлог законот  на албански јазик без потпис од претседателот и без архивски број. 

Предлог – законот со кој се предвидува, Град Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките на таа Фондација да не се применува Законот за јавните набавки, предизвива бура реакции и кај пратениците од опозицијата но ги подели мислењата на  јавноста. За проектот за кој  има предвидено буџет од 21 милион евра од државната и локалната каса, како и 500.000 евра од европски фондови, предлагачите сметаат дека законот е неопходен за ефикасна реализација на европскиот проект. Пратениците од опозицијата пак, бараат дополнителни гаранции дека титулата нема да стане причина за намалување на контролата врз трошењето на јавните пари.

Поранешната министерка за култура и пратеничка од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека бараат повлекување на законот за Скопје 2028, бидејќи според нив законот е легализација на корупција.

За предлог законот кој треба да биде донесен по скратена постапка во Собрание со рекација излегоја и од Државната комисија за спречување на корупција. Тие кажаа дека носењето закони по скратена постапка со кои се заобиколува примената на системските закони веќе е препознаено како висок ризик од корупција.

ДКСК: Обезбедувањето интегритет, законитост, транспарентност и отчетност при трошењето на јавните средства претставува основен предуслов за заштита на јавниот интерес и за спречување на ризиците од корупција. Секое законско решение со кое се предвидува исклучување или ограничување на примената на системските закони, особено на Законот за јавните набавки, мора да биде јасно, детално и убедливо образложено од аспект на јавниот интерес, неопходноста од ваквото исклучување, неговата пропорционалност и воспоставувањето на ефикасни механизми за спречување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека по повлекувањето на законот, истиот ќе биде доработен. Но целта на власта како што рече  останува исполнување на проектот. 

Во образложението на предлог законот е наведено  дека постојниот систем не обезбедува доволно можности за повеќегодишно финансирање, брза реализација на активности, користење на јавни и приватни простори и привлекување европски и меѓународни средства. Фондацијата би имала автономност во организацијата и работењето, но и механизми за надзор, отчетност и контрола. Проектот треба да овозможи развој на културниот сектор, привлекување туристи и создавање долгорочно културно наследство и по завршувањето на 2028 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта го повлече од дневен ред Законот…

За Предлог законот за„Скопје – Европска престолнина…

Трагедија на Крит: Загинаа двајца пожарникари при…

Двајца пожарникари загинаа при интервенција на голем…

ПЛАТАТА ВО РУДАРСТВОТО СЕ ИСКАЧИ НА 1.000…

Рударството е третата најплатена професија во Македонија,…

(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…

Фрлена бомба во двор на куќа во…

Вчера во 14:35 часот во СВР Куманово,…