Власта одби законски измени кои ги заштитуваат жртвите на семејно насилство
Владејачкото мнозинство одби да го стави на дневен ред предлогот за измена на Кривичниот законик со кој Левица предлага делото “телесна повреда при семејно насилство” да се гони без предлог на жртвата, соопшти пратеничката Јована Мојсоска во објава на Фејсбук.
– Владејачкото мнозинство само што ОДБИ да се стави на дневен ред предлог-измената на Кривичниот законик, со кој Левица предлага делото “телесна повреда при семејно насилство” да се гони БЕЗ предлог на жртвата!
Јавноста сведочеше за УБИЕНИ жени при семејно насилство, на кои му претходело повлекување на предлогот за гонење од страна на жртвата. Доколку беше прифатен предлогот на Левица, органите на прогонот ќе можеа да го гонат сторителот на семејно насилство независно од волјата на жртвата.
Да не се гласа овој предлог само затоа што доаѓа од Левица говори за тешка партиска СУЕТА, арогантност и неодговорност кон оние најранливите кои државата мора да ги заштити! Сите оние кампањи обоени во портокалово и машнички на функционери се ЗАМАЈУВАЊЕ на јавноста, додека секој ден читаме за згаснати животи при семејно насилство.
Арогантноста и суетата на “народните” избраници кошта човечки животи! – вели Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…
Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…
Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…
По вознемирувачкиот случај на физички и психички…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…