ВМРО-ДПМНЕ бара покачување на платите на наставниците – Предлог законот поднесен во Собрание
Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ известија дека е поднесен Предлог закон за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.
Еве го партиското соопштение:
“Почитувани,
Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, по скратена постапка.
Се работи за идентичен закон со законот што го имаат поднесено од СДСМ, кој го користат за манипулации на јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ било против зголемување на платите на наставниците и подобрување на воспитнообразовниот процес.
Значи се работи за ист закон, но едиствената разлика е тоа што во овој предлог закон го нема делот со кој СДСМ сака да си ги згрижи своите партиски војници во образованието и наместо квалитет во наставниот кадар сакаат да извршат груба партизација што ќе биде на штета и на образовниот процес и на штета на нашите деца.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака и секогаш се стреми кон повисоки плати за наставниот кадар и токму затоа го поднесуваме овој закон.
За да се обезбеди квалитетен образовен процес преку професионалниот и кариерниот развој на наставниците и стручните соработници потребно е да се зголеми нивната мотивација. Со зголемување на нивната мотивираност ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес во Македонија. За таа цел потребна е економска сигурност на наставниците и стручните соработници и вреднување на нивниот труд кој се постигнува со пораст на платите.
Токму заради елиминирање на досегашната нееднаквост во однос на исплатата на платите во Републиката, со законот ќе се создаде правна сигурност со која платите во образованието ќе се усогласат по колективен договор, со минималната плата на национално ниво.
Исто така, со овој предлог закон ќе се тргне маската на СДСМ и парламентарното мнозинство за наводната грижа за зголемувањето на платите на наставниот кадар и ќе се види дека нив единствено ги интересира партизација на основните и средните училишта со несоодветни кадри.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…