ВМРО-ДПМНЕ: Додека здравствените власти се убедуваат кој да членува во нефункционалната комисија за заразни болести, илјадници луѓе се препуштени сами на себе
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека додека здравствените власти се убедуваат кој да биде член на Комисијата за заразни болести, дневно имаме по илјадници заразени од Ковид 29.
Ова е партиското соопштение:
“Здравствениот систем е во целосен колапс, само за 24 часа изминатото деноноќие во Македонија 21 лице го загубија својот живот и нови 1.254 новозаразени граѓани од КОВИД- 19.
Додека здравствените власти преку социјалните мрежи се убедуваат кој да биде во нефункционалната Комисијата за заразни болести, секој ден имаме по илјадници новозаразени од КОВИД-19 и без никакви функционални мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Без никакви мерки, граѓаните се препуштени сами на себе да се снаоѓаат како што умеат.
Со денови се чека за тестирање од КОВИД-19, секој ден матичните лекари се жалат дека системот Мој термин паѓа и не можат да закажуваат прегледи за пациентите.
И во целиот овој хаос, министерството за здравство, како и владата на пиунот Ковачевски, решија да започне второто полугодие во образовниот систем, изложувајќи ги децата на ризик од заразување со КОВИД- 19.
Веднаш се потребни итни мерки за спречување на ширењето на новиот омикрон сој на КОВИД-19. Македонија се претвори во Вухан, само заради неспособноста како на претходниот министер за здравство Венко Филипче кој мислеше само на тендери и провизии, така и на новиот министер Беким Сали.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…
Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…
ВМРО-ДПМНЕ: Економските резултати се мерат со бројки,…
Економските резултати се мерат со бројки, а…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…