ВМРО-ДПМНЕ: Заради Ковачевски и СДСМ од овој месец секое домаќинство ќе плаќа 500 до 800 денари повеќе за струја
Заради Ковачевски и СДСМ од овој месец секое домаќинство ќе плаќа 500 до 800 денари повеќе за струја, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Покачувањето од минимум 500 денари по сметка е заради неспособноста на власта, која ги испразни хидроакумулациите во текот на летото и продаваше струја кога беше евтина, за сега да нема да произведат кога истата е скапа. Земјава нема струја и затоа што во РЕК Битола не се копаше јаглен минатата пролет и лето, и се дочека зимата без разерви на откопан јаглен на депонијата во претпријатието. Затоа што немаше јаглен, комбинатот работеше со половина блок. Домашното производство не може да ги задоволи 50% од капацитетите. Во голем период од последните неколку месеци се купуваше и половина од дневната потрошувачка, по цена 10 кратно поскапа од порано, а затоа за само два месеци оваа власт даде 86 милиони евра народни пари, нешто за кое ако ископале јаглен на време ќе уштеделе и до 70 милиони евра, велат од партијата.
Од таму додаваат дека струјата е скапа и скапа ќе биде се додека е СДСМ на власт, затоа што немаат ниту план, ниту стратегија. За да се реши енергетската криза потребни се предвремени парламентарни избори, а потоа нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…