ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на здравствените власти изминатата недела починaa над 180 наши сограѓани

t

Неспособноста на власта да се справува со пандемијата вчера одзеде уште 24 животи и скоро 2.000 нови позитивни случаи од КОВИД-19, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изминатата недела во Македонија починаа над 180 наши сограѓани заради неодговорноста на оваа неспособна власт. Уште од самиот почеток на пандемијата сите мерки кои беа донесени од страна на власта беа задоцнети и не дадоа никаков резултат во превенирање на ширењето на заразата, а со тоа се покажа дека здравствените власти немаат никаква стратегија ниту капацитет да ги заштитат граѓаните од корона вирусот. Во моментот во државата има скоро 20 илјади активни случаи на корона вирус или колку еден поголем град во Македонија и над 8.300 починати како последица на КОВИД- 19, се наведува во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува министерот Беким Сали и, како што велат, оваа неодговорна влада предводена од пиунот Ковачевски да ја преиспитаат одлуката за започнување на второто полугодие за учениците во услови кога сојот омикрон коси во државата.

-Затоа предлагаме наставата од второто полугодие за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство, но секојдневно да се следи епидемиолошката состојба во училиштата низ Македонија. Потребни се итни мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19 во државата. Додека секојдневно ни умираат по десетици наши граѓани Комисијата за заразни болести молчи, а неодговорните власти не нудат никакви мерки за справување со кризата, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборот е европска иднина со СДСМ и…

Изборот пред граѓаните е јасен, европска иднидна…

Ковачевски: Во ВМРО-ДПМНЕ може да станете лесно…

Видов една изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

(Видео) Никола Тодоров откри како работат дувлото…

На социјалните мрежи е објавено видео од…

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Со глас за европската коалиција граѓаните ќе…

Клучното прашање на овие избори е одлуката…