ВМРО-ДПМНЕ му возврати на СДСМ: Порано водата за пиење во Гостивар не била исправна, а никој не давал насоки да не се пие
За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, а никој не дал препораки и насоки да не се пие, сега согласно резултати се даваат препораките, а за скандалот се води постапка и има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата. Тоа што СДСМ не се навикнати за одредени случаи секој да е крив туку само вистински одговорните, не. Како што беше и трагедијата со модуларната болница во Тетово, каде дури кабелот беше крив, но Венко Филипче како министер за здравство кој ја подготвил и потпишал тендерската документација, не бил крив. За тоа и сега кога за случајот со водата за пиење во Гостивар, се води постапка, истрагата е во тек, се испитува целата документација и целиот случај, а најодговорните се приведени. Значи се преземаат сите потребни мерки целосно расчистување на случајот, а во зависност од резултати на направените анализи навремено се даваат насоки и упатства за граѓаните. За разлика од едни минати времиња на власт на СДСМ, министер за здравство Венко Филипче, локална власт во рацете на нивните партнери ДУИ и Таравари, кога направените анализи на водата во Гостивар покажувале присуство на бактерии и на неисправна вода за пиење, не се најде никој да даде препораки до граѓаните за да не ја користат, пишува во партиското соопштение.
Оттука, се додава во соопштението, дека СДСМ треба да побараат оставка од градоначалникот Валбон Лимани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…