ВМРО-ДПМНЕ: Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско

t

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ:

Сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДС со Бугарија е разобличена.

Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДС.

Рубин Земон одржа средба со Виктор Стојанов, човекот кој ја води Фондацијата Македонија, која шири Бугарска пропаганда во државава и лице кое има забрана за влез во Македонија поради неговите антимакедонски ставови.

Ете овој човек соработува со СДС и Филипче токму преку човекот на Заев, Рубин Земон.

Да ја потсетиме јавноста со какви хвалоспеви, меѓународниот секретар на СДС, Андреј Жерновски говореше за него.

Почитувани,

Освежувањето и засилувањето на Филипче и СДС со Рубин Земон заврши со големо фијаско.

Дури и видни членови на СДС му укажале на Филипче дека со оваа работа отидено е предалеку, па затоа му било кажано на Рубин Земон да замине од СДС, но да продолжи со тоа што му е работа, а тоа е соработката со Бугарија и ширење на бугарска пропаганда.

Филипче е фатен во небрано, откриени му се намерите и доколку вака продолжи СДС ќе стане ДООЕЛ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…