ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ја обвини СДСМ дека, како што наведуваат, повторно бара поддршка за уставни измени без гаранции, со цел да се врати на власт.
Од партијата велат дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, со месеци испраќала пораки кон Бугарија и бугарскиот претседател Румен Радев дека би прифатила внесување на Бугарите во Уставот без дополнителни услови.
„Со ова, Филипче и СДС покажаа уште еднаш дека за нив е важно само да се биде на власт, па дури и тоа да им се оствари преку нови национални предавства и обезличувања на Македонија“, се наведува во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека граѓаните не поддржуваат прифаќање на бугарските барања без гаранции. Според партијата, над 80 проценти од граѓаните се против внесување на Бугарите во Уставот под вакви услови.
Од владејачката партија прашуваат зошто Филипче продолжува да инсистира на уставни измени, иако, како што велат, ставот на Бугарија останува непроменет.
„Граѓаните не сакаат Македонија да биде во ЕУ по секоја цена. Јавното мислење околу ова се сведува на Македонија во ЕУ, да, но со достоинство, интегритет и идентитет“, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека Македонија заслужува достоинствен евроинтегративен пат, без, како што наведуваат, редефинирање на историјата и нови национални отстапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…