ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне на секоја анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ја обвини СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче дека, како што наведуваат од владејачката партија, преку поддршка за уставните измени се обидуваат да ја подобрат својата политичка позиција.
Од партијата тврдат дека последните анкети покажуваат значителна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, оценувајќи дека граѓаните не ја препознаваат опозициската партија како политичка алтернатива.
„Демагошката програма на СДС, полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или посакуван ефект“, се наведува во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче и раководството на СДСМ се подготвени да прифатат уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во Уставот, без претходна предвидливост на евроинтегративниот процес и без гаранции дека тоа ќе биде последното барање од Софија.
Од партијата посочуваат дека, според нив, мнозинството граѓани не поддржуваат уставни измени „под бугарски диктат“ и сметаат дека таков чекор не треба да се презема без јасни гаранции за натамошниот европски пат на земјата.
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче дека продолжува, како што велат, со политика слична на онаа на поранешниот премиер Зоран Заев кон Бугарија, оценувајќи дека таквиот пристап не е во интерес на државата.
„Ако Филипче продолжи со ваквиот понижувачки и вазалски однос кон Бугарија и Румен Радев, уште повеќе ќе се маргинализира на политичката сцена“, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ќе продолжат да ги штитат националните интереси и дека токму поради тоа, како што наведуваат, ја имаат поддршката од граѓаните и на изборите и во истражувањата на јавното мислење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…
СДСМ побара анализи за водата во Гостивар,…
Откако СДСМ побара да се објават анализите…