ВМРО-ДПМНЕ ја бетонираше цензурата над Левица, реагираат од опозициската партија
Левица соопшти дека на денешната собраниска седница, пратениците од власта одбиле да ги изгласаат предлог-измените на Изборниот законик, кои партијата ги поднесе поради невидената цензура со кои и беше ускратено правото на рекламирање. Според опозициската партија, последните локални избори ќе бидат запамтени по скандалот со кој за прв пат парламентарна политичка партија беше целосно исклучена од медиумите, под, како што велат, диктат на заробените институции од хибридниот режим на ДПМНЕ.
Пратеникот Амар Мециновиќ во своето излагање потенцира дека последните локални избори ќе бидат запамтени во нашата историја на парламентарна демократија поради бруталната цензура и како таков е нотиран во извештајот на ОБСЕ-ОДИХР. Според пратеникот на Левица, оваа шарада на демократија на власта ќе добива се полоши оценки во извештаите на Европската Комисија, поради нејзините тоталитарни и авторитарни процедури, со кои се потиснува крикот на опозицијата.
-Со тоа што ДПМНЕ одби да изгласа формална интервенција на Изборниот законик само се потврди дека бруталната цензура врз Левица беше директно оркестрирана од највисоките врвови на власта, со што демократијата беше сериозно разрушена, каде во вториот круг за избор за градоначалник на главниот град за прв пат имавме целосна исклученост од медиумското претставување на еден од кандидатите за градоначалник, стои во соопштението на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…