ВМРО нема да поднесе нова иницијатива за референдум за Договорот со Бугарија

t

ВМРО-ДПМНЕ не планира уште една иницијатива за референдум. Координаторот на пратеничката група на оваа партија Никола Мицевски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека секоја иницијатива повторно би била отфрлена од спикерот Џафери. Мицевски додава дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени, туку против другите отворени прашања во Договорот со Бугарија.

Од СДСМ изјавата на Мицевски ја оценуваат како „вртење грб“ на Мицкоски.

„Изјавата на Никола Мицевски дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени и вклучување на Бугарите, како и на другите народи значи радикално противење на деструктивните политики на Мицкоски. Дали некој е на чело на бродот што тоне?“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ не сака да гласа за уставните измени бидејќи во договорот Бугарија има, како што велат, условувачки и уценувачки пристап со хегемонистички барања за македонскиот идентитет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ова е многу тажен ден за…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред…

Раста итно хоспитализиран, раперот со неподносливи болки!

Раперот Стефан Ѓуриќ – Раста денеска е…

Сунак: Велика Британија ќе ја доведе својата…

Британскиот премиер Риши Сунак денеска за време…

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

Пожар зафати попладнево дел од куќа во…

Агелер: Ништо нема да се постигне со…

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија…