Внатрешната контрола на МВР оформи предмет за полицаецот што со пендрек го удри Талески по глава
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет во врска со случувањата на финалето на КУП на Македонија, информираа од МВР.
Вчера по натпреварот од КУП финалето меѓу Вардар и Пелистер дојде до инцидент и турканица во која полицаец го удри со пендрек по глава ракометарот на „црвено-црните“ и македонски репрезентативец Филип Талески.
-По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица.
По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, објаснија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
