Внимавајте ако патувате: Поради поплава и нанос во пpekин сообраќајот во струмичко, кај Свети Николе поради одрони сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

Потсетување за возачите дека од 15 Ноември започнa законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сообраќајот се одвива непречено, снег со слаб…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

Затворски полицаец од Струмица однел затвореник да…

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Р.М.(42)…

Струмица вечерва е најзагаден град во Европа!

Струмица вечерва е најзагаден град во Европа,…

Патот Крива Паланка – Нерав во прекин…

Според последните информации од АМСМ, од 06:50…

Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…