Внук на озлогласен нацист уапсен во Австрија: Заклучувал деца во подрум

t

Внукот на озлогласениот нацист Ернст Калтенбрунер е уапсен во Австрија откако полицијата пронашла шест негови деца заклучени во подрумот на семејната куќа, пишува „Дејли мејл“.

Педесет и четиригодишниот Том Лендон, татко на шест деца, е осомничен дека ги заклучил во подрумот. Сите деца се помлади од седум години.

Полицијата го уапсила откако физички ги нападнал полицајците кои дошле да го испрашуваат за условите во кои живее неговото семејство во Обрич, на стотина километри северно од Виена.

Соседите повикале полиција откако слушнале плач од подрумот на куќата во која живее Лендон со својата 40-годишна сопруга и нивните три сина и три ќерки.

Двајца работници од социјалната служба дошле да ги проверат децата, а полицијата вели дека мажот ги нападнал со бибер спреј и ја блокирал вратата од подрумот. Работниците повикале полиција и при претресот пронашле жена и шест деца.

Полицијата пронашла и повеќе парчиња оружје, меѓу кои пиштол, самострел и воздушно оружје.

Според податоците на полицијата, децата се родени во Англија и не биле официјално регистрирани во Австрија.

Лендон беше задржан во притвор, по што беше ослободен без обвинение.

Дедото на Лендон, Калтенбрунер, бил водач на СС во Австрија, а подоцна и началник на полицијата во воена Германија, лојален следбеник на Адолф Хитлер, како и еден од главните протагонисти на холокаустот. Тој го основал концентрациониот логор Матхаузен, прв од ваков вид во Австрија, каде што биле убиени околу 90.000 луѓе.

Се вели дека Лендон е член на движењето „Рајхсбургер“, група екстремни десничари кои веруваат дека германската империја сè уште постои како и пред Втората светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сè повеќе мажи во Германија немаат деца

Сè поголем број мажи во Германија немаат…

Млитава Европа: Децата и адолесцентите во сè…

Децата и адолесцентите во Европа не достигнуваат…

Британски агенции ги предупредуваат родителите да не…

Британската агенција за борба против криминалот  и…

(Фото) Родители: Децата се разболуваат поради влага…

Децата живеат во простории што имаат влага…

Европол пронајде траги за 45 украински деца…

Европол, заедно со холандските власти и меѓународни…