Водата во Гостивар повторно не е безбедна за пиење
Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со водоснабдувањето во Општина Гостивар, поплaднево преку известување соопштија дека водата не е безбедна за пиење.
Во последниве десетина дена ова е втора препорака да не се користи водата од системот за водоснабдување.
Според првичните информации, до загадување на водата дошло од последните врнежи.
– Поради контаминација предизвикана од обилните врнежи, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, избегнувајте нејзино консумирање, стои во известувањето од ЈП „Комуналец”.
Од претпријатието наведуваат дека се работи на решавање на проблемот и до подобрувањето на состојбата ќе има соопштение штом водата биде безбедна за потрошувачка.
Минатиот четврток беше објавено дека во водата од градскиот водовод биле откриени колоформни бактерии и ешерихија коли, а според в.д. градоначалникот, тие резултати биле од анализи направени неколку пред воведувањето на забраната. По неколку дена, состојбата се стабилизира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…