Водата во две охридски села е забранета за пиење
Општина Охрид попладнево информира дека водата од изворите во охридските села Елшани и Велестово привремено е забранета за пиење, затоа што лабораториските анализи покажале бактериолошка неисправност.
Испитувањата биле извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, при што во водата било утврдено присуство на бактеријата E.coli, како и колиформни бактерии.
По добиените резултати е донесено решение со кое се забранува употребата на водата од изворите за пиење.
Од Општина Охрид информираат дека месните заедници во Елшани и Велестово се задолжени на видливи места да постават предупредувања за жителите дека водата во моментов не е безбедна за пиење.
Надлежните апелираат граѓаните строго да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење сè додека новите лабораториски анализи не покажат дека таа повторно е безбедна за употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…
Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…
Владата не може да ги обезбеди законски…
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…