Возачи, не заборавајте! Од утре задолжителна зимска опрема во возилата

t

Зимската опрема за возилата е задолжителна од утре, возачите го користат последниот ден да ги променат летните пневматици за побезбедни патишта.

Доколку од утре, па се до 15 март ве застане полиција мора да поседувате задолжителна опрема. Патничките возила до 3,5 тони мора да имаат четири зимски пневматици со минимална длабочина на шара од 4 мм или пак возилото да има синџири за снег најмалку за погонските тркала.

Доколку од утре, возачите не поседуваат зимска опрема, казната која ќе треба да ја платат изнесува 45 евра, а во одредени околности од безбедносни причини, полициските службеници можат и да го исклучат возилото од сообраќај.

Вулканизерите од утринава се полни, екипата на Канал 5 посети еден од салоните, каде затекнавме голем број на возачи кои ги припремаат возилата за зимската сезона. Од „Пнеуматик“ посочија дека има многу фактори за промена на гумите, но безбедносниот е клучен.

-Патот на сопирање е многу подолг, знае да биде и до 20 метри подолг, тоа се четири полни должини на едно возило и со тоа ги прави гумите многу не безбедни за возење. Луѓето се многу принципиелни, особено ме радува фактот што зимските гуми ги ставаат за лична безбедност и за безбедноста за сите учесници во сообраќајот, а не само за законските казни кои се 45 евра.

Иако голем дел од граѓаните корситат пневматици кои се комбинација од летна и зимска гума, сепак според експертите, овој тип на пневматици, ниту се подобри на лето од летната, ниту на зима од зимската, нивна препорака е соодветна гума за соодветна сезона.

-Првата е смесата на гумата, зимската гума останува мека на пониски температури односно од 7 степени надолу, летната гума скрутува и ги губи перформансите, додека пак зимската останува мека и има подобри перформанси при возењето. Исто така, самиот дезен на гумата, односно, зимската гума има повеќе шари кои создаваат т.н. вакуум кој го прилепува возилото на пат многу подобро, отколку пак летната гума.

За СУВ возилата, или возилата со погон на сите четири тркала е задолжително поседување на пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шара од шест милиметри, додека пак за автобусите и камионите и тешко товарните возила е задолжително поседување на зимски гуми на погонските тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарени две возила во Гази Баба

Две патнички возила „форд“ и „бмв“ со…

Нова современа опрема во Градската општа болница…

Во Градската општа болница „8 Септември“ во…

И Бугарија забранува влез на возила со…

Бугарија воведува забрана за влез на автомобили…

Косово забрани влез на возила со српски…

Портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу изјави…

Возилата во Косово од денеска мораат да…

Возилата на Косово од денеска мора да…