Објавено на:

Возач загинал откако со возило удрил во надворешната капија на Белата куќа

t

Возач загинал откако со своето возило удрил во оградата на Белата куќа, пренесува Асошиејтед прес.

Според полициското соопштение, инцидентот во моментов се истражува „само како сообраќајна несреќа“ и не претставувал закана за резиденцијата на претседателот.

„Во овој момент, инцидентот се истражува само како сообраќајна несреќа од страна на Единицата за истраги на големи несреќи на МПД“, се вели во соопштението на полицијата.

Од американската тајна служба, во соопштение, се вели дека возачот, кој не бил веднаш идентификуван, е пронајден мртов во возилото по несреќата околу 22:30 часот по локално време на надворешната периметарска капија на Белата куќа.

Полицијата соопшти дека возилото удрило во безбедносна бариера на раскрсницата на улицата „15“ и авенијата „Пенсилванија“. Обезбедувањето на лице место го извлекло возачот од возилото и се обидело да му пружи помош, но тој не можел да се спаси.

Тајната служба нагласи дека се спроведени потребните безбедносни протоколи, но дека настанот не претставува закана за Белата куќа. Тајната служба ќе продолжи да го истражува случајот, но дел од истрагата ќе ѝ биде оставен и на локалната полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…