Возач на камион од Македонија возел пијан кај Солун и направи сообраќајка – ќе плати околу 4.500 евра казна
Сообраќајна несреќа со материјална штета предизвика македонски државјанин – возач на камион на регионалниот пат Солун – Калохори, кој возел под дејство на алкохол, бил уапсен, изведен пред суд и осуден на затворска казна од 15 месеци со можност за откуп.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, 49-годишниот возач, државјанин на С. Македонија сообраќајната несреќа ја предизвикал вчера, а при направениот алкотестот било утврдено дека консумирал алкохол над дозволеното ниво, 0,76 и 0,78 милиграми на литар воздух.
Денеска, бил изведен пред Судот за прекршоци во Солун каде што бил прогласил за виновен за опасно возење и возење под дејство на алкохол и осуден на 15 месеци затвор со можност за откуп, а било одлучено казната да се претвори во парична – по 10 евра дневно. Пресметките велат дека возачот на камионот ќе треба да плати околу 4.500 евра.
Против пресудата, како што објави АНА-МПА, поднел жалба и бил пуштен на слобода.
– Го закачив ретровизорот на паркирано возило додека поминував. Жал ми е, но не можам да го вратам времето назад, рекол, според АНА-МПА во својата одбрана 49-годишниот возач на камион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон…
Американските вооружени сили извршиле напади врз ирански…
Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…
Во местото Горице, во близина на Брчко…
„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…
Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…
Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…