Возач со автомобил удрил во пензионерка, ја однел во болница па избегал
Возач удрил во пензионерка на булевар во Скопје, информират од МВР.
Немилиот нестан се случил во текот на вчерашниот ден, кога во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ со бул.„8-ми Септември“, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(79) од Скопје.
-По несреќата, возачот ја пренел М.С. во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, по што заминал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Полицијата работи на расчистување на случајот, појаснуваат од МВР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…