Воздушна тревога во Романија: Авион на НАТО собори дрон!
Романското Министерство за одбрана денес објави дека авион на НАТО соборил дрон кој нелегално влегол во романскиот воздушен простор рано наутро во недела. Дронот бил уништен од пилоти на авиони Ф-18 на Шпанските воздухопловни сили распоредени во Романија.
„Ноќта помеѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана откриле влез на воздушна цел во националниот воздушен простор од Република Молдавија, приближно 24 километри северно од Галаци“, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана. Авион Ф-18 на Шпанските воздухопловни сили, кој извршувал борбена должност на Воздухопловната полиција во 57-та воздухопловна база „Михаил Когалничеану“, безбедно го соборил дронот, а можното место на падот на остатоците од дронот било идентификувано помеѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галаци, во ненаселена област.
Воздушната тревога за округот Галаци завршила во 5:20 часот, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…
Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…
Руте: НАТО активираше борбени авиони поради инцидентот…
НАТО активираше борбени авиони како одговор на…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…