Возило удрило во мечка на патот Гостивар-Охрид
Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот. Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место.
Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна. Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мечка се прошета на паркинг во…
Мечка синоќа била забележана на паркинг во…
Детали за нападот од мечка кај село…
Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко…
Мечка со камења мавала автомобил во Црна…
Нападите од мечки во северните општини на…
Жена нападната од мечка во тетовското село…
Вчера околу 18 часот во СВР Тетово…
(Видео) Мечка со две мали мечиња снимени…
Снимка од мечка со две мали мечиња,…