Вознемирувачки статус на преживеана во пожарот! Каде ќе ви оди душата бре луѓе?!! КАДЕЕЕ?!! ЖИВИ ГОРЕВМЕ!!!!! Не знаевме зошто, како, зошто ние баш да страдаме за гревовите ВАШИ?

t

Каде ли живееме народе?

Каде се луѓето кои треба да се ГРИЖАТ за нас? Луѓе кои се зарекле дека ќе помагаат, ќе спасуваат, ќе се жртвуваат?!

Каде беа тие кога ние се боревме за живот? Немо стоеа и не гледаа…

Извикувам:

-Помош спасете ме! Ве молам! Немам воздух!

А личноста која го носи називот ПОЛИЦАЕЦ ме фаќа за рака и ми вели:

-Не бива!

Се потргнува и не гледа. Само очај во моите очи имаше ОЧАЈ!

СРАМОТА Е ЛУЃЕ! Сите сме деца! Сите се боревме за живот! Само Бог не чуваше во тој кобен момент. Каде ќе ви оди душата бре луѓе?!! КАДЕЕЕ?!! ЖИВИ ГОРЕВМЕ!!!!! Не знаевме зошто, како, зошто ние баш да страдаме за гревовите ВАШИ?

Не заслуживме ние вака…мислевме дека ќе се грижите за нас! Од мали се угледувавме на Вас полицијата…во вода пропадна тој наш детски сон, дека полицаецот е херој…

НЕ НИЕ СМЕ ХЕРОИТЕ, А ВАС СРАМ ДА ВИ Е ШТО ГОРДО СЕ НАРЕКУВАТЕ СПАСИТЕЛИ! Од ова ги исклучувам на прсти изброените полицајци кои помагаа.

Фејсбук статус на Ана Карова преживеана од пожарот во Кочани

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…