Младо момче избоде пет лица пред џамија во Турција
Напаѓач во Турција (18 годишен) избодел пет лица пред џамија во градот Ескишехир. Тој за време на нападот носел кацига, маска и панцир.
Две од жртвите се во критична состојба, јавуваат турските медиуми.
Турската полиција го уапси 18-годишникот, а медиумите објавија видео, наводно, направено од самиот напаѓач додека тој брза низ областа каде што се наоѓа џамијата.
На видео снимката се гледа како луѓето бегаат додека тој им се приближува.
Агенцијата „Анадолија“ наведува дека младиот човек нападнал група луѓе под влијание на видео игри, но засега не наведува изворот на информација.
Министерот за внатрешни работи на Турција – Али Јерликаја изјави дека полицијата го уапсила осомничениот.
Властите започнаа истрага за инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
(Видео) Торнадо во Анталија усмрти четворица градежни…
Најмалку четворица градежни работници загинаа, а петтиот…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…