Објавено на:

(Вознемирувачко видео) Насилници убиваат седуммина во Бразил, им се смееле зашто изгубиле на билјард

t

Двајца насилници вооружени со огнено оружје убиле седуммина луѓе, меѓу кои и 12-годишно девојче во салон за билјард во Бразил, откако жртвите му се смееле на едниот од нив поради тоа што изгубил две партии по ред, пренесува „Дејли Мејл“.

Ужасната снимка од надзорните камери го покажува масакрот кој се случил во вторникот во градот Синоп во провинцијата Мато Гросо. Вооружените напаѓачи им наредиле на жртвите да се наредат до ѕидот, додека неговиот соучесник му донел неколку пушки од пикапот паркиран во близина. Неколку моменти подоцна, доаѓа другиот вооружен маж и двајцата почнуваат да пукаат во нивните заложници, не оставајќи им можност да избегаат. Откако ги застрелаа сите, тие пукаа во жртвите и одблиску, за да се осигураат дека се мртви.

Полицијата соопшти дека напаѓачите, идентификувани како Едгар Рикардо де Оливеира (30) и Езекиас Соуза Рибеиро (27), побегнале и сѐ уште се во бегство.

Претставникот на цивилната полиција Браулио Жункеира изјави дека истражителите ги споредуваат изјавите на сведоците и трагаат по ладнокрвните убијци. Тој објасни дека Оливеира играл билјард за пари против една од жртвите во вторникот наутро и изгубил околу 4.000 реали (околу 730 евра).

Попладнето се вратил со неговиот соучесник и побарал реванш, но повторно загубил, а на тоа се насмеале присутните. Осомничените потоа одбиле да платат и ги масакрирале луѓето.

Бразилските медиуми ја објавија и целата снимка од грозоморниот масакр, за која предупредуваме дека е вознемирувачка и може да предизвика траума кај дел од читателите:

Шест од жртвите починале на самото место, а седмата им подлегнала на раните во болница. Една жена неочекувано остана жива, а на видеото се гледа како со кренати раце вреска од страв, дури и по заминувањето на напаѓачите.

Пред да избегаат, убијците ги обиколиле масите за билјард и ги собрале парите, а застанале и да украдат торба од една од жртвите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бразилскиот претдедател го обвинува Израел е за…

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…

Бразил со војска на аеродромите и пристаништата…

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…

Бразилскиот Конгрес бара истрага против Болсонаро за…

Комитет во бразилскиот Конгрес вчера официјално побара…

Бразилскиот претседател го кани Путин во земјата…

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…

Најмалку 39 загинати во циклонот што го…

Најмалку 39 лица загинаа, а девет се…