Володин: Вашингтон и Брисел сфатија дека нема да има победа со Зеленски
Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин, изјави дека Вашингтон и Брисел разбрале дека со украинскиот претседател Володимир Зеленски „нема да има победа“ и дека „не сакаат да ја сносат одговорноста за поразот“.
„Се слушна нова реторика од Вашингтон и Брисел – прашањето за преговорите за мирно решение во Украина целосно зависи од Зеленски. Претходно тие инсистираа на спротивното. Тие изјавија дека конфликтот треба да се решава исклучиво на бојното поле. Сфатија дека со Зеленски нема да има победа. И тие не сакаат да ја сносат одговорноста за поразот“, рече Володин.
Според него, во овој период, за време на контраофанзивата, украинските сили не ги исполниле очекувањата на Вашингтон и Брисел, бидејќи „Зеленски вети победа“.„Внатрешната политичка ситуација во САД и во Европската унија ги принудува нивните функционери да реагираат.
Американците и Европејците почнаа да ги искажуваат своите ставови за настаните во Украина. Тие не се подготвени да ја платат политиката на војна во интерес на олигарсите и нацистите од свој џеб“, додаде Володин.Тој истакна дека инфлацијата, растот на цените, проблемите со изворите на енергија и другите тешкотии не можат да не ги загрижат САД и Европската унија пред зимата.
Претходно шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека Украина треба да ги одреди условите за прекин на конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…