Објавено на:

Волстрит журнал: Трамп размислувал за продолжување на војната, но засега претпочита преговори

t

Во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледуваше можноста за продолжување на воените операции против Иран, но сè уште не донел одлука за започнување нова воена кампања, објави „Волстрит џурнал“.

Според американскиот весник, Трамп добил неколку предлози од врвни воени претставници за продолжување на операциите со цел, како што е наведено, „да се заврши работата“. Сепак, американскиот претседател смета дека обновувањето на конфликтот би можело да ги загрози изгледите за дипломатско решение и договор за суспендирање на нуклеарната програма на Иран.

Весникот, исто така, наведува дека Трамп е подготвен да дозволи продолжување на индиректните преговори со Иран, кои се водат со посредство на Катар, до истекот на рокот од 60 дена на 18 август. Во исто време, американската администрација е, според истиот извор, подготвена да продолжи со ограничени напади врз ирански цели доколку Техеран ги прекрши условите од привремениот договор, што, како што се наведува, веќе се случило неколку пати.

Техничките разговори меѓу Иран и САД продолжуваат, но без состаноци на високо ниво, изјави портпаролот на катарското МНР, во кое се вклучени и американскиот претставник Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Делегациите „сè уште се во сесија“, рече тој, додавајќи дека состаноците се одржуваат во различни формати, со учество на медијатори. Домаќините на разговорите го нагласуваат решавањето на прашањето за замрзнатите ирански средства како пречка во преговорите или услов за нивниот напредок. Во исто време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги посети војниците на ИДФ во јужен Либан и ги повика да одговорат на секоја закана, неколку дена откако Израел и Либан постигнаа рамковен договор со посредство на САД. „И сè додека Хезболах останува тука, вооружен и ни се заканува, ние ќе останеме тука“, рече Нетанјаху.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…