Објавено на:

„Волстрит џурнал”: Вучиќ и Путин сакаат да го запалат Балканот

t

Додека сите очи се вперени во Украина, неодамнешните препукувања меѓу Србија и Косово повторно го разгореа етничкиот конфликт на територијата на поранешна Југославија, за што е виновна и Русија, пишуваат истражувачката  од Фондацијата за одбрана на демократијата, Ивана Страднер, и Марк Монтгомери, пензиониран адмирал на американската морнарица, во анализа за „Волстрит џурнал“.

Рускиот претседател Владимир Путин е искрен во своите намери да го ослабне НАТО и да ги врати историските граници на Русија. Но, додека руските трупи „трпат загуби во Украина“, Москва може да добие многу со поттикнување конфликт во другите делови на Европа, пишуваат тие.

Вистинска регионална криза ќе му даде можност на Кремљ да стекне со локално влијание преку трговија со оружје и посредување, притоа оттргнувајќи го вниманието од Украина и давајќи ѝ на Русија влијание врз западните лидери, додаваат Страднер и Монтгомери.

Западен Балкан, како што велат, е совршен кандидат за такво нешто.

„Косово и Босна и Херцеговина не се членки на НАТО, додека Србија се обидува да го имитира концептот на „рускиот свет“ преку сопствениот „српски свет“,“ наведуваат Страднер и Монтгомери.

Тие потсетуваат дека Србија го подигна нивото на подготвеност на својата армија по судирот меѓу „српските демонстранти и меѓународните мировници, кога беа повредени 90 припадници на НАТО“. Тоа е постапка „налик на оние на Кремљ“ за користење на етничките тензии за да се оправдаат воените дејствија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, велат тие, уште еднаш го имитираше Путин кога на крајот на септември „триесет тешко вооружени етнички Срби, наводно опремени од Србија и поврзани со Вучиќ, нападнаа припадници на косовската полиција“.

Србија го искористи ова како изговор за распоредување војници недалеку од Косово, додека американските власти беа загрижени дека „се подготвува српска воена интервенција“, тврдат Страднерова и Монтгомери.

Српската војска подоцна се повлече од административната линија, но авторите на анализата во „Волстрит журнал“ тврдат дека „ е очигледно оти Белград и Москва подготвуваат нова кампања на насилство и провокации за 2024 година“.

Покрај Косово, Страднер и Монтгомери посочуваат дека и Босна и Херцеговина е „на работ на колапс“. Таму, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека ентитетот може да се отцепи, што може да „поттикне етничко насилство“ налик на она кое однесе повеќе од 100.000 човечки животи за време на војната во БиХ во 1990-тите.

Авторите на текстот ги повикуваат западните земји „да се фокусираат на Западен Балкан и да ја подобрат воената комуникација со Косово“, посочувајќи и дека „коалиција од подготвени членки на НАТО“ треба да преземе обврска да ја поддржи Приштина ако Србија и Русија „преземат агресивни чекори во Балканот“.

САД и ЕУ бараат санкции против официјални лица кои ја „поткопуваат безбедноста на Западен Балкан“ додека НАТО би требало да распореди хибридни тимови за борба против „руските и српските пропагандни кампањи“.

Инаку, Марк Монтгомери е поранешен адмирал на американската морнарица, а работел и во Советот за национална безбедност на САД. Ивана Страднер, пак, е и специјален дописник на „Киев пост“, а претходно напишала текст за „Форин аферс“ со поранешниот вд директор на американската Одбранбена разузнавачка агенција (ДИА, разузнавачка служба на Пентагон) Дејвид Шед.

Претходно во ноември, Страднер предупреди во статија за „Форин аферс“, за која коавтор ѝ беше поранешниот в.д. директор на американската Одбрамбена разузнавачка агенција (ДИА, разузнавачката агенција на Пентагон) Дејвид Шед, дека „Русија со задоволство го разгорува ‘историскиот конфликт меѓу Косово и Србија’ затоа што сака да го тестира НАТО“,  истакнувајќи дека е „време Северноатлантската алијанса да му стави крај на шоуто на Вучиќ потпомогнато од Кремљ“.

„ САД и Европа мора јасно да им дадат до знаење на Белград и на Москва дека ќе реагираат силно и остро на идните провокации на Балканот. Мора да го зајакнат присуството на НАТО во регионот и да постават јасни црвени линии кои Србија не може да ги помине без да предизвика воена конфронтација со силите на НАТО. И мора да го санкционираат Белград ако српските лидери не се дистанцираат од Москва и не ги деескалираат тензиите“, препорача таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не се рекламирајте на проруски медиуми на…

Големите брендови како Лидл, Кока-Кола и Лореал…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…

„Волстрит џурнал”: Вучиќ и Путин сакаат да…

Додека сите очи се вперени во Украина,…