Вонредна вест: Убиено момче во Гостивар!
Трагичен настан ги вознемири гостиварци вечерва – момче на возраст од 28 години е убиено во близина на булеварот „Гоце Делчев“ во градот, објави „Гостивар прес“.
Според информациите на порталот од полицијата, жртвата е 28-годишен гостиварец со иницијали Г.А..
„Околу 19 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А, со влезно-излезна прострелна рана во главата“, велат од СВР Тетово.
На момчето му била укажана помош, но тоа им подлегнало на повредите. Засега не се познати други детали за убиството.
Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…