Вооружен напад во Сиетл – Двајца убиени, повеќемина повредени меѓу кои и дете
Две лица се убиени во пукотница во близина на познатиот симбол на градот Сиетл, Спејс Нидл, а најмалку уште четири лица се повредени, вклучувајќи и едно дете, објавија американските медиуми во неделата, повикувајќи се и на претставник на болницата.
Градоначалничката на Сиетл, Кејти Вилсон, објави дека по инцидентот е извршено едно апсење. Таа претходно изјави дека се уапсени двајца осомничени. Вилсон ѝ се заблагодари на полицијата за нејзната вклученост.
Според Ен-Би-Си Њуз и Си-Ен-Ен, претставници на противпожарната служба потврдиле дека две лица ги загубиле животите. Репортер од Сиетл тајмс извести дека се слушнале повеќе гласни истрели.
Полицијата на социјалната мрежа X соопшти дека имало „повеќе жртви“ во пукотницата, која се случила во близина на Спејс Нидл во комплексот Сиетл Центар, популарна туристичка атракција.
Портпаролката на Медицинскиот центар Харборвју изјави дека четири лица повредени во инцидентот се лекуваат во болницата. Дете и жена, чија возраст е непозната, се оперирани, додека 23-годишен маж и 39-годишна жена биле примени во болница, изјави Сузан Грег. Таа додаде дека сè уште не е јасно дали нападот го извршил еден или повеќе напаѓачи.
Центарот Сиетл е културен и манифестациски комплекс кој ја опкружува кулата Спејс Нидл, заштитен знак на градот во сојузната држава Вашингтон во северозападниот дел од Соединетите Американски Држави. Инцидентот со огнено оружје се случи за време на гастрономскиот фестивал Бајт оф Сиетл.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…