Војната и да заврши енергетската криза е далеку од крајот

t

Амин Насер, извршен директор на Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ изјави дека плановите за електрична енергија и зголемувањето на даноците за енергетските компании не се долгорочни или корисни решенија за светската енергетска криза, пишува Ројтерс.

– Замрзнување или ограничување на сметките за енергија може да им помогне на потрошувачите на краток рок, но не се занимава со вистинските причини и не е долгорочно решение. И оданочувањето на компаниите кога сакате да го зголемите производството очигледно не е корисно – рече Насер на форумот во Швајцарија.

Според плановите на ЕУ објавени минатата недела, вишокот на профит на енергетските компании ќе биде прераспределен за да го олесни товарот на потрошувачите.

– Конфликтот во Украина секако ги зајакна ефектите од енергетската криза, но тоа не е основната причина. За жал, дури и конфликтот да заврши денес, што сите го сакаме, кризата не би завршила, рече тој.

Насер, кој е на чело на најголемиот извозник на нафта, тврди дека континуираното недоволно инвестирање во јаглеводороди во време кога алтернативите за фосилни горива сè уште не се достапни е основната причина за проблемот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неконтролирани субвенции и замрзнати цени можат дополнително…

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека владите…

Рубио ѝ нуди помош на Куба, но…

Марко Рубио испрати порака до кубанскиот народ…

Мицкоски: Имаме најниски цени на бензините, жители…

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука…

Мицкоски: Дел од цените се зголемени, дел…

Владата подготвува мерки за одредена група производи…