Војник со кола влета во толпа на саем во Чиле, уби шест луѓе
Шест луѓе загинаа, а уште седуммина се повредени откако автомобил, зад чиј волан бил професионален војник, влета во толпа луѓе за време на саем во Чиле,
Според првичните информации, колата ненадејно забрзала и удрило во група посетители на настанот. Шесте жртви загинале на самото место.
Уште седум луѓе со повреди од различен степен биле пренесени во болница, каде им е укажана медицинска помош. Засега нема дополнителни официјални информации за нивната здравствена состојба.
Видеото објавено на социјалните мрежи ја покажува сцената непосредно на трагичниот настан, а се гледаат и луѓе од толпата кои се обидуваат да го отворат автомобилот.
Возачот, кој е припадник на војската на Чиле, веднаш е уапсен. Истражителите ги утврдуваат околностите под кои дошло до трагичниот инцидент. Во моментов нема потврдена информација за тоа дали ударот во толпата бил намерен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силна бура и поплави го погодија Чиле
Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати…
Војник со кола влета во толпа на…
Шест луѓе загинаа, а уште седуммина се…
Чиле пресече нарко-пратка вредна 8,3 милијарди долари
Чилеанските власти објавија дека заплениле повеќе од…
(Видео) Чешкиот претседател Павел остави пенкало во…
Едно познато поглавје од чешката мем-култура вчера…
Камион со течен гас експлодираше во Чиле,…
Камион што превезувал течен гас експлодирал вчера…