Објавено на:

Силна бура и поплави го погодија Чиле

t

Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати централните и јужните региони на Чиле, предизвикувајќи смрт на две лица, додека стотици се повредени или засегнати.

Неколку места во регионите Мауле и Лос Лагос се во состојба на тревога. Заменик-министерот за внатрешни работи Максимо Павес вчера ја потврди смртта на две лица во регионот Лос Риос, предизвикана од „паѓање на дрво врз нивниот автомобил“.

Националната дирекција на Службата за превенција и одговор при катастрофи вчера соопшти за 347 повредени и 2.052 лица заглавени во своите домови, повеќето поради надојдените реки. Службата издаде и 13 предупредувања за евакуација поради поплави и налети на ветер со брзина од над 100 километри на час.

Во јули силна бура предизвика смрт на 13 лица и оштети најмалку 4.000 домови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силна бура и поплави го погодија Чиле

Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати…

Војник со кола влета во толпа на…

Шест луѓе загинаа, а уште седуммина се…

Чиле пресече нарко-пратка вредна 8,3 милијарди долари

Чилеанските власти објавија дека заплениле повеќе од…

Поплави во Бугарија, прогласена е вонредна состојба…

Во Велико Трново е прогласена вонредна состојба…

Дванаесет загинати, десетици илјади евакуирани поради поплави…

Силни врнежи дожд со поплави неделава ја…